logo
logo
logo

Ковачки: Шекеринска ја загрозува безбедноста и државата со издавање информации од класифицирани документи

Vecer | 11.02.2021

Ковачки: Шекеринска ја загрозува безбедноста и државата со издавање информации од класифицирани документи

Поради постоење на основано сомнение дека се прекршени членовите 349 и 353 од Кривичниот законик, како и членот 103 став 1 и 3 од Законот за класифицирани информации, денеска во ОЈО поднесовме три кривични пријави, рече во изјава за медиуми Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.

Ковачки потенцираше дека, две од нив се против актуелниот министер за одбрана Радмила Шекеринска и едно против раководно лице во министерството за одбрана, рече на прес-конференција Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.

-Ова е првпат во историјата на модерна Македонија, актуелен министер за одбрана, на ваков незаконски и крајно непрофесионален начин, дрско да ја злоупотреби својата позиција и да содржини од класифицирани документи искористи исклучиво во својa лична и партиски промоција.

Шекеринска ја загрозува и безбедноста, но и државата во целост со тоа што издава информации кои се од витално значење за одбраната.

Цениме дека ваквиот, во континуитет незаконски однос кон класифицираните информации од страна на актуелен министер за одбрана којшто е платен и по закон е обврзан да ги чува и штити класифицираните информации е неприфатлив и бараме од ОЈО веднаш да пристапи кон своите законски надлежности и да поведе постапка пред надлежен Суд, истакна Ковачки

Од Шекеринска бараме одговорност и оставка веднаш, додаде тој.

https://www.youtube.com/watch?v=ydzRuRYaie4&feature=emb_title

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk