logo
logo
logo

Ковачки: Издавањето пасоши на мафијаши и криминалци е црна дамка врз целата држава

Vecer | 07.04.2021

Ковачки: Издавањето пасоши на мафијаши и криминалци е црна дамка врз целата држава

Во вечерашното издание на дебатната емисија "Филибастер" на Радио Лидер гостуваше членот на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки кој се осврна на лошите владини политики, како и за лошата ситуација во однос на безбедносниот систем во Република Македонија.

Ковачки потенцираше дека ваквите случувања во однос на доделувањето пасоши на криминалци и убијци од светот, сигурно ќе влијаат на меѓународен план. Според него, Македонија од една страна се стреми кон ЕУ, а од друга страна се прикажува како земја во која царува криминалот, корупцијата и мафијата. Тоа не се европски вредности и со ваквиот начин на функционирање, Македонија не ја очекува светла иднина, истакна Ковачки.

"СДСМ и Владата ќе бараат начин да се тргнат од овој скандал и да ги припишат овие пропусти на некои други. За многу брзо време СДСМ ќе си замине, по нив ќе дојде ВМРО-ДПМНЕ. Но, за жал, ова не е скандал кој ќе го оцрни СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ на меѓународен план, туку ќе ја оцрни Македонија. Ова е дамка на целата држава. Ова е голем срам", додаде Ковачки.

Зоран Заев и неговите соработници секојдневно велат дека се борат Македонија да стане членка на ЕУ, се фалат со учеството во НАТО Алијансата, но од друга страна продолжуваат со криминогеното и нечистото работење. Доделувањето на македонски пасоши на луѓе кои убивале, продавале дрога, нуделе бело робје, покажува за тоа какви луѓе ја сочинуваат власта штом се во тесна корелација со вакви луѓе, заврши Ковачки.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk