logo
logo
logo

Ковачки: Филипче бил предупреден од експерти да не става ПУР пена во болница

Vecer | 18.09.2021

Ковачки: Филипче бил предупреден од експерти да не става ПУР пена во болница

Според сознанијата со кои располагам, се чини дека фингерајката околу оставката поради морални причини од страна на Министерот Венко Филипче ќе биде неговата најмала грижа.

Многу елементи укажуваат дека доколку се води независна истрага, тогаш таа ќе заврши директно кај Филипче и Заев по што треба да следува и кривична одговорност.

Бидејќи поминаа точно 10 дена од страдањата и пожарот во болницата во Тетово, а до сега не видовме НИКАКВА, ама буквално никаква реакција од обвинителството освен празни ветувања дека истрагата е во тек, денеска јавно ќе поставиме прашање до Министерот Филипче:

Дали е точно дека на состанокот на кој се дискутирало за модуларните болници, сте биле предупредени од стручно лице, дека ПУР панелите не смеат да бидат вградени во модуларните болници и доколку е точно, дали на состанокот настанала караница по што лицето што Ве предупредило за панелите, било избркано од состанокот?

Или да го преформулирам прашањето: Дали Министре знаевте, но сепак свесно тргнавте по брзите пари?

Одговорете кратко и јасно со Да или Не.

...Во меѓувреме ОЈО нека дреме, истрагата ние ќе ви ја водиме, напиша Ковачки на својот ФБ профил.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk