logo
logo
logo

Мицкоски

„Ковачевски тајно преговарал 6 месеци, сега се прави дека не знае за предлогот со кој се бугаризира Македонија“

Vecer | 23.06.2022

„Ковачевски тајно преговарал 6 месеци, сега се прави дека не знае за предлогот со кој се бугаризира Македонија“

Ковачевски тајно преговарал 6 месеци, сега се прави дека не знае за предлогот со кој би се бугаризирала Македонија, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија.

Мицкоски посочи дека Ковачевски практично се согласил со текстот од францускиот предлог, а сега се прави дека нема очи и уши и дека ништо не добил.

Во врска со самитот на ЕУ, тој вели дека иако Украина ќе биде во фокусот, не треба да се заборави дека 22 години генерации македонски граѓани се разочаруваат чекајќи да почнат преговорите.

- Ова е сериозен историски геостратешки самит, ова не е било каков економски самит па сега ќе зборуваме за политиките или слично, имаме политичка тежина на овој самит и на нив им е потребен чекор и на Балканот, да почнат Македонија и Албанија преговори и сега, како ќе почне Македонија преговори ако видат дека во Бугарија не попуштаат бидејќи од таму таква е состојбата, притисокот ќе го направиме таму каде послабо,односно Македонија затоа што имаме министер кој што не го интересира состојбата за моето чувство, за вашето чувство  - рече Мицкоски.

Мицкоски додаде дека во тој вкрстен оган, ако утре помине во комисијата за надворешни работи во Бугарија а најверојатно ќе помине, ние тоа ќе го имаме на маса, односно Ковачевски ќе го има и тоа е она кое што е конечната позиција.

- Живееме во време кога политичар лекомисленик го ништи македонскиот идентитет и тоа треба на сите секој еден да му е јасно и тоа име треба да остане запишано за век и векови и за генерации! И ова не го зборувам на памет – потенцираше Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk