logo
logo
logo

Стоилковски

Ковачевски со изјавата за Џафери потврди дека е пион на крими - коалицијата ДУИ-СДСМ“

Vecer | 14.05.2022

Ковачевски со изјавата за Џафери потврди дека е пион на крими - коалицијата ДУИ-СДСМ“

Ниту една институција во државата не смее да го премолчи примитивизмот на Талат Џафери во македонското Собрание! Примитивизмот на Џафери е насилство врз вработени, злоупотреба на позиција, кршење на човековите права, примитивизмот на Џафери е спротивен на сите документи за заштита на човековото достоинство. Џафери најбрутално го згази достоинството на позицијата собраниски спикер и воопшто позицијата пратеник во македонското Собрание, изјави Наум Стоилковски портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој додава дека единствен следен чекор во било кое демократско општество би било неотповиклива оставка на Џафери и повлекување од пратеничката функција од македонското Собрание! Се друго е ново тонење во катастрофа!

- Димитар Ковачевски со изјавата за примитивизмот на Џафери уште еднаш потврди дека е пион на крими - коалицијата ДУИ-СДСМ. Ковачевски потврди дека наместо премиер е пион и паж во власта на ДУИ и дека дозволува самоволие дури и од најпримитивно ниво само и само да остане на власт, потенцира тој.

- Примитивецот од Форино има функција којашто е втора во државата и по функција го менува претседателот на државата кога тој е отсутен! Јавноста имаше прилика да го слушне вистинскиот карактер на примитивецот од Форино, рече Стоилковски.

Тој додаде дека онаков недостоен примитивен излив на бес во прашање ја доведува неговата деловна способност и воопшто ментална стабилност за да извршува вакви високи државни функции!

https://www.youtube.com/watch?v=025Pmfa4jNE

- Државата не смее да биде заложник на апстиненцијални кризи и намалена деловна способност на човек именуван на висока државна функција за СДСМ да остане на власт. Државата не смее да е заложник во рацете на примитивецот од Форино само за пажот на ДУИ, пионот Димитар Ковачевски, да биде глув за примитивизмот на Талат Џафери, глуми премиер, нагласи тој.

Тој ги повика сите релевантни државни и невладини институции во делот на обезбедувањето и логистиката на Парламентот, како МВР, СОЗР, па и ЈО, Народниот правобранител, но и Хелсиншкиот комитет, синдикатите и другите невладини организации, да отворат случај во име на заштита на достоинството и кредибилитетот на функцијата претседател на Собранието и Собранието воопшто!

- Молкот од нив ќе значи одобрување и воведување практика недостојна за било која колку- толку демократска држава! Нема и не постои оправдување за простотилак и примитивен однос кон вработени, не постои оправдување за пцости и навреди, какви што сета јавност во Македонија имаше прилика да го слушне примитивецот од Форино, Талат Џафери, нагласи тој.

Стоилковски изјави дека никој во Македонија не е должен ниту пак е вработен да трпи навреди со сексуални конотации, да биде пцуен и бркан со зборови „сиктер“ и „мрш“ од примитивецот од Форино, само за поданичката СДСМ да остане на власт!

- Оставка на Џафери веднаш! Оставка на владата веднаш! Само избори се спас од катастрофата, рече Стоилковски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk