logo
logo
logo

Ковачевски: Скопјани да бидат спокојни, парно ќе има

Vecer | 14.01.2022

Ковачевски: Скопјани да бидат спокојни, парно ќе има

Претседателот на СДСМ и мандатар за состав на нова влада, Димитар Ковачевски на Фејсбук објави дека Владата ги активирала сите механизми, и оти е обезбедено парно греење за скопјани. -Скопјани да бидат спокојни, парно ќе имаат и денеска, и овој викенд и во текот на цела грејна сезона со соодветна температура. Како што најавив, Владата ги активираше сите механизми, ги презеде чекорите за да обезбеди топли домови и проблемот е надминат. Владините претставници детално ќе информираат за решението на вечерашната прес конференција. Грижата за нашите сограѓани не е предизборен памфлет, туку преземање одговорност кога е најпотребно, стои во објавата на Ковачевски.     

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk