logo
logo
logo

Ковачевски-Шоле: Фокусирани сме на продлабочување на билатералното партнерство

Vecer | 23.09.2022

Ковачевски-Шоле: Фокусирани сме на продлабочување на билатералното партнерство

Премиерот Димитар Ковачевски во рамки на 77. Генерално Собрание на Обединетите Нации во Њујорк, денеска се сретна со Дерек Шоле, американски советник за надворешна политика и автор, кој моментално работи како советник на Стејт департментот на САД. На средбата, на која присуствуваше и министерот за надворешни работи Бујар Османи, е потврдено стратешкото партнерство меѓу САД и  Македонија. Потенцирано е дека  Македонија напредувала од земја која тежнеела да стане членка на НАТО, до сигурен, еднаков и способен сојузник. На состанокот, како што соопшти владината прес-служба, Ковачевски и Шоле дискутирале за актуелните проекти за енергетска транзиција и животната средина. Двете земји ја повториле посветеноста во услови на светска енергетска криза за зголемување на енергетската диверзификација. Дискутирале и за важноста САД и Македонија да ја прошират соработката и во доменот на образовните, културните и професионалните размени. Премиерот Ковачевски се заблагодарил за континуираната поддршка на САД, кој од 2019 година има инвестирано речиси 60 милиони долари во индустријата, инфраструктурата и иновациите.  

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk