logo
logo
logo

Ковачевски откри кога ќе го објави предлогот од француското претседателство

Vecer | 01.07.2022

Ковачевски откри кога ќе го објави предлогот од француското претседателство

Предлогот од француското претседателство во интегрална форма ќе биде објавено денеска на официјалната владина веб страница по средбата со владината коалиција, најави претседателот на Владата Димитар Ковачевски.

Воедно премиерот Ковачевски за денеска најави повеќе средби и консултации во врска со предлогот.

„Како што ветив, отвораме процес на широки консултации. Денеска во 11:00 часот во Владата ќе се одржи средба на лидерите на партиите од владината коалиција на која ќе се разгледува предлогот на француското претседателство. Веднаш по средбата, предлогот во интегрална форма ќе го објавиме на официјалната веб страна на Владата. Во текот на денот, покрај средбата со владината коалиција, ќе се одржат консултации и разговори со експертската и стручната јавност како и со медиумите. Како што веќе најавив вчера целиот процес ќе се одвива транспарентно, а јавноста во детали ќе биде запознаена со сите следни чекори.

Повикувам на одговорност од сите релевантни чинители во општеството, шпекулации за важни државни и национални прашање не одат никому во прилог.

Оттука, апелирам до сите политички актери и медиумите да се потпираат на официјалните информации од институциите. Барам конструктивност и поддршка од сите чинители за да донесеме мудра одлука во интерес на сите граѓани”, се наведува во статусот на фејсбук-профилот на премиерот Ковачевски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk