Премиерот Ковачевски не го пуштаат сам да оди на лидерска средба поради две причини. Првата е зошто Али Ахмети не му дава и се чувствува запоставен, втората е зошто раководството на СДС нема доверба во Ковачевски, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
- Напоменуваме досега официјална покана за лидерска средба до ВМРО-ДПМНЕ нема, освен оние изјави преку медиумите. Апелираме СДС да не се однесува детски и недораснато, се вели во партиското соопштение.