logo
logo
logo

„Ковачевски мора да понесе одговорност и да поднесе оставка, откако виде дека цела држава се крена против него ретерираше, францускиот предлог е и со негов потпис“

Vecer | 24.06.2022

„Ковачевски мора да понесе одговорност и да поднесе оставка, откако виде дека цела држава се крена против него ретерираше, францускиот предлог е и со негов потпис“

Ковачевски мора да понесе одговорност и да поднесе оставка, откако виде дека цела држава се крена против него ретерираше, францускиот предлог е и со негов потпис, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ. -Ковачевски 6 месеци го преговарал и договорил последниот предлог кој доколку не беше реакција на народот и ВМРО-ДПМНЕ ќе де прифатеше и ќе значеше бугаризација за државата. Од Ковачевски пред еден месец биле побарани забелешки на предлогот, тој немал ниту една. Ковачевски сакаше да го протурка предлогот на мала врата, затоа и целиот процес го водеше тајно, без почитување на македонските интереси. Откако е фатен жив како преговарал и договорил предлог кој е во корен спротивен на македонските интереси, тој ретерира и манипулира, велат од партијата. Од таму додаваат дека Ковачевски не може повеќе да го лаже народот. Интелектуалците, академската заедница, новинарите, колумнистите и ВМРО-ДПМНЕ го разоткрија и не дозволија бугаризација на државата. Ковачевски треба веднаш да си поднесе оставка. Потребни се избори. Ковачевски, но и СДСМ и ДУИ немаат никаков основ да продолжат да ја водат владата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk