logo
logo
logo

ВМРО-ДПМНЕ:

Ковачевски има проблем со реалноста - Македонија е во економска и социјална катастрофа и затоа катастрофално ќе изгуби на избори

Vecer | 26.11.2022

Ковачевски има проблем со реалноста - Македонија е во економска и социјална катастрофа и затоа катастрофално ќе изгуби на избори

Ковачевски очигледно има проблем со реалноста. Розовите очила му пречат да види дека Македонија е пред економски и социјален колапс поради лошите политики на неговата влада, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека Македонија има најниска стапка на раст на БДП според прогнозата на Светска Банка, а од нас полошо ќе ја завршат годината само Русија и Украина.

- Македонија и една од највисоките стапки на инфлација која последниот месец достигна 20% што е убедливо најлош резултат во споредба со земјите од регионот.

Македонија е во топ 10 земји во светот според стапката на инфлација на прехранбените производи, што е уште еден показател дека кај нас како никаде на друго место граѓаните осиромашуваат.

Македонија е на дното по странски инвестиции во споредба со земјите од регионот, односно кај нас дошле, два до три пати помалку странски инвестиции по глава на жител во споредба со Албанија, Србија и Косово.

Македонија е земја во која владата нема пари за инфраструктура, земјоделство, образование, стопанство, ама затоа има да исплаќа милиони за функционери паразити.

Ете ова е реалноста од владеењето на Ковачевски. Ковачевски може да бега од избори, ама нема да избега од изборниот пораз. Граѓаните катастрофално ќе го казнат за неговото катастрофално владеење, се вели уште во партиското соопштение како реакција на изјавата на Димитар Ковачевски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk