logo
logo
logo

Кoвачевски има огромна поддшка од Карпошовото и Бранковото крило, веруваат во големи позитивни промени во партијата

Vecer | 27.11.2021

Кoвачевски има огромна поддшка од Карпошовото и Бранковото крило, веруваат во големи позитивни промени во партијата

Заменик министерот за финасии Димитар Ковачевски има огромна поддршка од скопското крило на СДСМ на престојните внатрепартиски избори, тврдат за „Фактор“ извори од партијата. Според нив, Ковачевски ќе биде безрезервно поддржан од Радмила Шекеринска, актуелната министерка за одбрана, од Душко Вескоски, кој беше кандидат на СДСМ за градоначалник на Карпош, од екс-градоначалникот Стефан Богоевски. Ковачевски ќе има силна поддршка и од Пеце Мирчевски, директорот на Заеднички служби, како и Виктор Исјановски, директор на Здравствен дом Скопје, а изворите на „Фактор“ велат дека на страната на Ковачевски се и Леонид Наков и Игор Ивановски-Шема, луѓето кои во редовите на СДСМ важат за големи приврзаници на Бранко Црвенковски.
Ќе има големи и позитивни промени во партијата, што секако ќе биде во насока за доброто на државата. Ова се прогресивни сили кои на 12 декември сета поддршка ќе му ја дадат на Димитар Ковачевски, кој долги години е во СДСМ и е навистина етаблиран кадар во партијата, велат изворите на „Фактор“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk