logo
logo
logo

Ковачевски и Мицкоски утре попладне на средба во Владата

Vecer | 03.10.2022

Ковачевски и Мицкоски утре попладне на средба во Владата

Во Владата утре попладне ќе се одржи средба меѓу премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, потврдија за МИА од Владата. Средбата, како што информираат од Владата за МИА, ќе се одржи во 16 часот. Претходно, во емисија на телевизија 24, Маја Кадиевска од ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека е прифатена поканата од премиерот Ковачевски и дека на средбата ќе присуствува економскиот тим на партијата предводен од Христијан Мицкоски.
– Прифатен е повикот од премиерот Ковачевски за утрешна средба каде ќе присуствува економскиот тим на ВМРО-ДПМНЕ предводен од Христијан Мицковски. Ги нудиме нашите ресурси и концептот. Утре ќе биде запознаен и премиерот. Би требало да се разговара во вакви тешки времиња и треба да седнеме заедно најголемата опозициона партија со Владата, изјави вечерва Кадиевска

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk