logo
logo
logo

Ковачевски: Државата нема да дозволи ценовен шок

Vecer | 02.12.2021

Ковачевски: Државата нема да дозволи ценовен шок

Нашите капацитети се стари, од поранешна Југославија. Но, државата има механизми да спречи ценовен шок, како и финансиски средства во Буџетот со кои ќе ја менаџира кризата, вели заменик-министерот за финансии и кандидат за претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски. Во гостување на ТВ Сител, Ковачевски повтори дека веќе им се прфлрени четири милијарди денари на енергетските комапнии за снабдување и производство на електрична енергија.
– Дадени се и задолженија сите енергетски капацитети, во Битола, Осломеј и Неготино, да бидат пуштени во употреба, рече Ковачевски, потенцирајќи дека државата нема да дозволи ценовен шок.
Во однос на корона пандемијата, Ковачесвки истакна дека вакцинацијата е приоритет, додека за актуелните реформи во образованието што ги спроведува министерката Мила Царовска е дециден, дека носењето на сите законски измени треба да биде низ инклузивен процес.
– Кога се воведува нешто ново, секогаш постои отпор, особено кога се работи за дигитализација сите страни имаат страв. Затоа мислам дека секоја ваква реформа мора да се направи врз основа на инклузивен процес во кој ќе бидат вклучени сите засегнати страни, сите треба да се согласат и да ја разберат реформата, да ја сфатат импликацијата од неа и да се влезе во нејзина финална имплементација, рече Ковачевски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk