logo
logo
logo

Ковачевски: Апел за брзо и целосно прифаќање на историското зголемување од 15% на платите во образованието

Vecer | 17.05.2022

Ковачевски: Апел за брзо и целосно прифаќање на историското зголемување од 15% на платите во образованието

Вечерва на својот Фејсбук профил, претседателот на Владата Димитар Ковачевски упати апел до СОНК за итно, брзо и целосно прифаќање на договорените условите и одговорност. Во продолжение ви го испраќаме статусот во целост. „Успеавме да постигнеме значаен договор за вработените во образованието и покачување на платите од дури 15%, почнувајќи од септемвриската плата. Ова зголемување на платите е најголемото досега и заедно со досегашните 21% зголемување е историски најголемата поддршка на вработените во образованието. До пред само 5 години, максималното зголемување на платите беше 4%, без глобални кризи. Сега, во услови на најголема економска и енергетска криза, покрај огромното процентуално зголемување, на вработените во образованието, преку колективните договори ќе им се овозможи и усогласување со минималната плата како и други придобивки. Воедно, ќе се дефинира методологија за континуиран раст на платите со што ќе се заштити стандардот на наставниците и ќе се овозможи континуирано зголемување на плата без потреба од дополнителна владина, институционална или политичка интервенција. Апелирам до СОНК за брзо и целосно прифаќање на договорените условите и одговорност. Да може институциите да продолжат со конкретни активности за спроведување на овој историски раст на платите во образованието.”

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk