logo
logo
logo

Што потпиша Заев?!

Ковачев: Договорот од 2017 ГОВОРИ ЗА ЗАЕДНИЧКА БУГАРСКА ИСТОРИЈА

Vecer | 16.06.2021

Ковачев: Договорот од 2017 ГОВОРИ ЗА ЗАЕДНИЧКА БУГАРСКА ИСТОРИЈА

Според бугарскиот европратеник Македонија не го спроведува договорот кој Заев го потпиша со Бугарија кој содржи дека имаме заедничка бугарска историја, односно историја на еден ист народ.

Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев повторува дека европската интеграција на Македонија е важна и за Бугарија и за регионот, но и за ЕУ како целина, но порача дека проблемот е што Скопје не го спроведува Договорот, а не во техничката бугарска влада, како што верува премиерот Зоран Заев.

Бугарија во 2017 година потпиша Договор за пријателство со Скопје токму за да го отвори патот за побрз пристап на Македонија како полноправна членка на ЕУ. Во 2018 година, првото бугарско претседателство со ЕУ беше посветено на лобирање за ова усвојување“, пишува Ковачев за БГНЕС.

За жал, како што вели, „од 2017 година, властите во Скопје не преземале ништо за спроведување на Договорот“.

„Заедничката комисија е блокирана и не работи. Говорот на омраза се засили. Не е проблем што Бугарија има привремена влада, како што верува Зоран Заев. Проблемот е во тоа што Скопје не стори ништо за да го спроведе договорот со Бугарија, рече тој.

Според Ковачев се вложувале да се лобира против Бугарија и за нарушување на бугарската позиција и притисок врз Софија.

- Ние не им го спориме сегашниот идентитет и јазик. Договорот говори за заедничка историја на сегашните два народи. Заедничка бугарска историја, не споделена, не испреплетена, туку заедничка на еден и ист етнос во минатото, кој несреќната судбина и големите сили сурово го поделија на почетокот на 20 век, рече тој.

Според него секој има право на самоопределување како и нивните предци.

- Омразата и разединувањето може да се надминат само преку европска интеграција и храброст да се прифатат фактите такви какви што биле. Тоа го пишува во Договорот којшто треба да се почитува, а Скопје имаше многу време од 2017 година тоа да го направи. Оправдувањата со привремената влада се неиздржани. Исто како и очекувањата дека следната бугарска влада ќе ја прифати лагата. Фактите се свети“, вели Ковачев.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk