logo
logo
logo

Котлар: Преспански и преговорите со Софија не се храброст, ТУКУ ЛУДОСТ НА ВЛАСТА

Vecer | 21.06.2021

Котлар: Преспански и преговорите со Софија не се храброст, ТУКУ ЛУДОСТ НА ВЛАСТА

Ако нема што да се крие во преговорите со Софија нека ги кажат работите, а што мисли народот си кажа на референдумот, рече професор Наташа Коталар од Институтот за национална историја на гостување на телевизија Алфа во емисијата Што не е јасно.

Според неа за вакви прашања мора да има општствен консензус, а не политички.

„Исходот нема да биде соодветен и тоа е јасно, нема да биде соодветен за граѓаните во Македонија“, рече Котлар.

Професорката укажа дека оваа власт кога потпишува договори треба да чита што потпишува.

„Ако сте компромитиран и корумиран поинаку ги сфаќате работите. Знаете како помина целата работа со Преспанскиот, па и ова сега со Софија оди исто е резултат на една таква психологија. Идентитетот е многу комплексна содржина тука има и фолклор и култура, и историски и низа други апекти кои ја чинат таа содржина. А гледате во процесот како зборува власта за идентитетот“, рече Котлар.

Таа посочи дека овие луѓе кои потпишуваа не е храброст како што мислат, тоа е лудот.

Станува збор за лудост, категорична е Котлар.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk