logo
logo
logo

Котлар: Македонската историја не може да биде под акробациите на политиката

Vecer | 08.12.2021

Котлар: Македонската историја не може да биде под акробациите на политиката

-На сите треба да им е јасно дека во Македонија има вредности на македонскиот народ и нема што некој од соседна држава да зборува за заштита на свои вредности тука во земјава, рече Котлар.
Таа се осврна на делото на Свети Климент.
-Климент она што го создава со Наум е една нова народна духовна, просветна вредност која влегува во македонскиот идентитет и има разлика од она што е во Бугарија. Свети Климент и Наум се доследни ученици на Кирил и Методиј, рече Котлар.
Или според неа Климент е историски и духовен лик кој е многу значаен за македонскиот идентитет и затоа тука сакаат да не удрат бидејќи идентитетот ни е на сериозен удар.

-Македонската историја не може да биде под акробациите на политичката номенклатура на овој наш политички простор. Можеби тој нешто ќе договори, знаејќи го него. Но нема да помине така лесно како Договорот од Преспа, рече Котлар.

Таа посочи дека Македонија е пред сериозни надворешно политички реперкусии, удар врз идентитетот.
-Во ваква ситуација институциите се многу тивки, тие мора да излезат и да кажат, и мора општествено да се експонираат, а ако работите во таква институција мора да одговорите на прашањата тие се општествени, не е тоа само политика, вели Котлар.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk