Во мојот мандат нема да издаваме одобренија за градба за згради на Водно, за зелен и чист Центар, ветува кандидатот за градоначалник на општина Центар, Наташа Котлар.

– Скопје е најзагаден град во Европа. Затоа, ветувам дрворед на секоја улица и зелени оази наместо бетон, погледнете како сега изгледа тоа. Ќе ги лоцираме загадувачите и низ акционен план ќе ги елиминираме. Ќе водиме бескомпромисна казнена политика за загадувачите.

Ќе има Ден без автомобили што е светска практика. Отпадот ќе се депонира и селектира со современи технологии. Ќе поставиме автоматизирани јавни тоалети. Редовно ќе го пошумуваме Водно. Во мојот мандат нема да издаваме одобренија за градба за згради на Водно, за зелен и чист Центар. За Центар со душа, вели Котлар.