logo
logo
logo

Костовски: Народот нема таблети и вакцини за КОВИД 19, а Заев секој месец ги плаќал синот на Самка и секретарката на Рашковски

Vecer | 13.04.2021

Костовски: Народот нема таблети и вакцини за КОВИД 19, а  Заев секој месец ги плаќал синот на Самка и секретарката на Рашковски

Додека народот нема таблети и вакцини за КОВИД 19 Заев секој месец го плаќал синот на Самка и секретарката на Рашковски, порача денеска во изјава за медиуми пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Дарко Костовски.

Костовски во неговата изјава се осврна на некои од имињата кои земале хонорар од владата, каде ги спомна синот на коалициониот партнер на Заев Самка Ибраимовски, претседателот на СДММ и други.

„Со народни пари, како хонорарци чии имиња беа криени од јавноста до вчера, е плаќан и Демир Ибраимоски, син на Самка Ибраимоски, коалиционен партнер на Заев и заменик директор на "Македонија пат".

И додека Самка ги лаже Ромите со покачена социјална помош, неговиот син земал 40.000 денари месечно како хонорарец.

53.000 денари хонорар од Заев добил и професорот Ванчо Узунов, кој беше и потпретседател на СДСМ.

На листата хонорарци се најде и името на Ивана Митрова, секретарка на Драги Рашковски, која земала 38.000 денари.

Независен колумнист, и владин хонорарец во исто време, тоа е Петрит Сарачини, кој месечно од владата бил плаќан 42.000 денари. Истиот тој се продава како независен и непристрасен.

Марко Михаилоски претседател на СДММ е уште еден од хонорарците чии имиња до вчера не беа објавени.

Дали Михаилоски земал државна плата, а работел партиски задачи? Или партијата и државата тоа е исто за Заев и неговите, праша Костовски.

Тој исто така порача дека ова се само дел од таканаречените експерти и независни хонорарци, кои се платени со наши пари.

https://www.youtube.com/watch?v=LDWbPaP47os

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk