logo
logo
logo

Костовски најостро го осуди тепањето дете од страна на наставник! Да РЕАГИРААТ директорката, МОН, ЈО и МВР

Vecer | 23.10.2021

Костовски најостро го осуди тепањето дете од страна на наставник! Да РЕАГИРААТ директорката, МОН, ЈО и МВР

Пратеникот и идниот градоначалник на Општина Бутел Дарко Костовски се огласи на социјалните мрежи откако во јавноста се појави видео на кое се гледа малтретирање на ученик од страна на наставник.

Костовски вели дека малтретирање и изживување со децата не само што не е дозволиво, туку и треба најстрого да биде казнето.

-Најостро го осудувам настанот со тепањето на ученик од ОУ Панајот Гиновски кое се наоѓа во населбата Бутел 2. Видеото кое излезе на социјалните мрежи покажува како не смее да постапува еден наставник. Наставникот не само што го тепа детето, туку со ваквиот чин нанесува тешка траума на ученикот. Директорката на училиштето и МОН да преземат активности и покренат постапка за отказ на наставникот, а МВР и ЈО да отворат кривична постапка согласно чл.130 и чл. 143 од КЗ, вели Костовски,

Додава дека одговорност мора да има и нагласува дека на насилниците не им е местото во училиштата.

-Наставникот треба да образува и воспитува, а не да застрашува, малтретира и шиканира. Децата од училиште мора да излезат со знаење, а не со трауми. Стоп за насилството врз децата. Доколку институциите молчат јас како градоначалник веднаш по преземањето на функцијата ќе искористам се што е во моја законска надлежност овој случај да не остане неказнет, нагласува Костовски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk