logo
logo
logo

Костовски: Денот кога не информираа дека Еуростандард Банка оди под стечај, Спасовски го убедуваше син ми дека работата нема да излезе од контрола

Vecer | 12.04.2021

Костовски: Денот кога не информираа дека Еуростандард Банка оди под стечај, Спасовски го убедуваше син ми дека работата нема да излезе од контрола

Морам да кажам дека ниту сум знаел, ниту сум сонувал дека таков чин се припрема. Навистина тоа беше шок, но не само за мене, за целата банка, за целото раководство, за сите луѓе кои што беа во банката, меѓутоа не било шок за тие што го организираа тоа, вели сопственикот на Еуростандард Банка Трифун Костовски во утринската емисијата „Утро со Златев“ на Радио Лидер.

Костовски смета дека Народната банка се ставила во служба на ѓаволот, посочувајќи дека и покрај тоа што нашле потенцијален партнер да се докапитализира банката, Народна банка не сакала ниту да слушне за тоа, ниту пак да ги повика на разговор.

Дефинитивно Народна Банка се стави во служба на ѓаволот, бидејќи осми месец како работам, анализирам, собирам информации, бидејќи немам дупло книговодство, немам дупли сервис за да можам да влезам во документацијата на Еуростандард Банка, меѓутоа анализирам, собирам информации, како го слушав мозаикот кој што е направен околу носење на банката во стечај, доаѓам до заклучок дека донесена е одлуката оној момент кога ние го променивме стариот Управен одбор и кога покрај докапитализацијата, односно прво влеговме со хибридни средства 11 милиони крајот на октомври, почетокот на ноември месеци. Требаше да ни се врати дозволата со правни и физички лица, но не ни се врати. Замислите не тераат тие хибридни средства да ги претвориме во траен влог, а ние тоа го направивме во февруари месец, рече Костовски.

Костовски, истакна дека денот кога се случила прес конференцијата на Народна Банка каде се известува дека Еуростандард Банка заминува во стечај, неговиот син имал средба со тогашниот технички премиер Оливер Спасовски кој како што рече го известил син му дека има информација дека има проблем, но го убедил да не се секира бидејќи таа работа нема да испадне од контрола.

Дента во 12 часот, тоа е како денеска 12 август среда, 12 часот, синот мој имаше средба со тогашниот технички премиер Оливер Спасовски во кој што бил информиран и запознат дека имал некој проблем, меѓутоа да не се секира, дека таа работа апсолутно нема да испадне од контрола. И ние не баравме ништо повеќе, не барав да ми ја докапитализираат банката, сами си баравме, и во тие услови на пандемија и вонредна ситуација, ние донесовме потенцијален партнер кој што беше спремен да ја докапитализира, но Народна Банка не сакаше ниту да чуе, да го викне на еден разговор, вели Костовски.

Сега сфаќам дека одлуката за носење во стечај на банката е донесена фактички крајот на 2019 година, само се чекал моментот, вели Костовски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk