logo
logo
logo

Костадинов прогласи победа: Јас сум новиот градоначалник на Струмица

Vecer | 17.10.2021

Костадинов прогласи победа: Јас сум новиот градоначалник на Струмица

Костадин Костадинов, кандидатот за градоначалник на СДСМ вечерва во Струмица прогласи победа во првиот изборен круг на локалните избори и порача дека е новиот градоначалник. Како што рече, ќе биде градоначалник на сите и од утре го чека многу работа.

„Ќе започнам како што ја почнав и кампањата, но со мала измена таму се најавував како иден градоначалник. Сега ќе кажам, јас сум Костадин Костадинов, новиот градоначалник на оштина Струмица. И победивме и успеавме и пуштивме порака до сите како може да се води кампања и да се водат избори со над 4.000 гласа разлика. Без притоа да се спомне опозицијата, без да се спомне противкандидатот оти треба да им служиме и на нив. Ќе бидеме градоначалници и советници на сите. Нашите врати ќе им бидат отворени на сите. Оваа огромна поддршка значи и огромна одговорност. Да сте ми живи и здрави. Ова е важна победа за Струмица, но и за цела држава. Го знаеме и го нудиме најдоброто, и кадровски и програмски. А од утре не чека работа. Да ја прославиме оваа огромна победата. И за СДСМ и за ВМРО, но и за оние неопределените. Оваа голема победа е за Струмица. Ова ќе биде уште поубаво и помодерно место за живеење. Да ни е вечна победата", изјави Костадинов.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk