Костадинов: Осумдесетте пратеници гласаа слободно и по сопствено убедување

Собранието на вчерашното гласање за уставните измени донесе историска одлука, а Македонија избра светла иднина наместо изолација и темно минато, изјави пред новинарите пратеникот од редовите на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Костадин Костадинов.

„Патот кон полноправно членство во ЕУ и НАТО е отворен, а најголема заслуга за тоа имаат граѓаните, но и 80-те пратеници во Собранието кои слободно, по сопствено убедување и низ демократска постапка гласаа за иднина во ЕУ и НАТО. Историјата долго ќе го памети изборот што пратениците го направија вчера“, оцени Костадинов.

Пратеникот додаде дека овој чекор ќе ја определи иднината на нашата земја, граѓаните, но и генерациите кои доаѓат. Тој ги прозва актуелниот и поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Никола Груевски, како и партиското раководство, обвинувајќи ги дека уште еднаш ја потврдиле нивната анти-западна политика.

Кристина Озимец

 

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари