logo
logo
logo

Николоски:

Косовскиот заменик министер да одговори зошто не ги испорачуваат осудените од „Монструм“ и „Диво насеље“

Vecer | 08.12.2021

Косовскиот заменик министер да одговори зошто не ги испорачуваат осудените од „Монструм“ и „Диво насеље“

Клучното прашање кое треба да му се постави на заменикот министер за правда од Косово, е зошто не ги испорачуваат лицата кои се дел од два судски процеси и се правосилно осудени во Македонија, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во „Тема на денот“ во дневникот на Сител, во врска со најавите дека косовскиот заменик министер ќе има средба во Идризово со осудените од „Диво насеље“.

Николоски истакна дека тој треба да одговори зошто не ги испорачуваат осудените за случаите „Монструм“  кога беа убиени тинејџери и случајот „Диво Насеље“ и зошто ги штитат таму.

- Како и зошто не испорачуваат уште неколку осудени лица на пример за кражби на банки или други видови на кражби? Зошто остануваат заштита на осудени криминалци. Тоа е прашањето кое треба да се постави на заменик министерот за правда на Косово, потенцираше Николоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk