logo
logo
logo

КОРОНА ситуацијата во Кавадарци АЛАРМАНТНА! Врие од активни случаи

Vecer | 18.02.2021

КОРОНА ситуацијата во Кавадарци АЛАРМАНТНА! Врие од активни случаи

Во Кавадарци во моментов состојбата со корона вирусот е крајно алармантна и има 516 активни случаи, ова денеска го истакна градоначалникот Митко Јанчев, по состанокот на Општинскиот Кризен штаб. Тој нагласи дека бројот на заразени е во постојан пораст.

Јанчев информираше дека во регионалната кавадаречка  болница се хоспитализирани 48 пациенти, од кои 30 од Кавадарци. Притоа појасни дека сите се на кислородна поддршка и со интензивна терапија.

Еден од заклучоците на Кризниот штаб е граѓаните да бидат максимално одговорни кон почитувањето на мерките од Владата на Република Северна Македонија, посебно кон одржување дистанца, носење заштитна опрема и намалување на контактите, е еден од заклучоците на Кризниот штаб.

Покрај тоа, со заклучоците се апелира до сите оние кои имаат симптоми на Ковид-19, навремено да се јават на матичен лекар.

-Се задолжуваат угостителските објекти да воведат менаџирање на влез и излез за спречување на ширење на вирусот, стои во заклучоците.

Со нив, се препорачува до инспекциските служби од Државен пазарен инспекторат да вршат зачестени контроли во угостителските објекти, а МВР почесто да контролира по маркети, банки и јавни површини, за да се види дали се почитуваат соодветните мерки.

Јанчев нагласи дека ќе има сериозни проблеми, ако не се почитуваат мерките за заштита. Тоа, како што појасни, би значело проблем со хоспитализација во болницата, која има на располагање 60 легла. Во средина на јануари имало само 12 хоспитализирани лица и таа состојба траела две до три седмици.

Градоначалникот рече дека на располагање се голем број тестови за Ковид-19.

Состанокот на Општинскиот кризен штаб бил по иницијатива на градоначалникот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk