logo
logo
logo

„Координатор на коридорите е човек кој никогаш не се занимавал со урбанизам, НЕ ЗНАЕ 200 МЕТРИ АСФАЛТ КАКО СЕ ПОСТАВУВААТ“

Vecer | 31.05.2023

„Координатор на коридорите е човек кој никогаш не се занимавал со урбанизам, НЕ ЗНАЕ 200 МЕТРИ АСФАЛТ КАКО СЕ ПОСТАВУВААТ“

Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, кој е дел од т.н. Огнена група во ДУИ вели дека вицепремиерот Артан Груби е човек кој не знае што е урбанизам, а е поставен за координатор на коридорите.

Тој за „Република“ го коментира поставувањето на Артан Груби за координатор на проектот за изградба на коридорите на „Бектел и Енка“. Ганиу напоменува дека никој не е против изградба на автопати но оти начинот на кој се прави остава простор за сомнеж.

- Координатор на тој проект е човек кој никогаш не се занимавал со урбанизам, не знае за 200 метри асфалт фазите како се поставуваат и чудно е да менаџира со целиот проект. Тој треба да решава други работи во министерството за политички систем. а не да се занимава со овој коридор. Не јасна причината зошто овој договор не е објавен јавно бидејќи во последниве години многу се инвестира во транспарентност. На Груби стилот му е да манипулира и да прави Пи-ар и да спинува-смета Ганиу.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk