logo
logo
logo

Ескалација во СДСМ

Константин Георгиески како Роки Балбоа во кампањата за втор круг локални (ВИДЕО)

Vecer | 24.10.2021

Константин Георгиески како Роки Балбоа во кампањата за втор круг локални (ВИДЕО)

Кандидатот за градоначалник на СДСМ за Охрид Константин Георгиески вечерва постираше видео со измислениот фиктивен филмски боксер Роки Балбоа на неговиот ФБ профил.

 

Можеби нема да бидете во можност да го погледнете видеото, бидејќ ФБ предупредува дека Георгиески постирал видео за кое не поседува авторски права, односно, незаконски го користи.

Дали е хакиран или не профилот на кандидатот за градоначалник на Охрид Константин Георгиески од СДСМ, ова е прашањето кое вечерва е главна тема на социјалните мрежи, откако тој постираше инсерт од филмот за легендарниот измислен филмски боксер Роки Балбоа на ФБ.

Роберт „Роки“ Балбоа (познат и по неговото крстено име Италијански пастув), е измислен насловен лик од серијата филмови Роки.

Ликот е создаден од Силвестер Сталоне, кој исто така го толкуваше во сите осум филмови во франшизата. Тој е прикажан како работничка класа или сиромашен италијанско-американец од сиромашните квартови на Филаделфија, кој започнал како клубски борец и „насилник“ за локалните лихвари, пишува на Википедиа.

Тој е прикажан како насилник кој ги надминува лихварските пречки што се случиле во неговиот живот и во неговата кариера како професионален боксер.

Дали можеби Константин себеси се гледа како Роки Балбоа, или како Силвестер Сталоне, или се бори со лихварски пречки или таква насока му дале од Бихаќка,  засега нема одговор.

 

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk