-После речиси 60 години, Кисела Вода е првата општина која се осмели да направи сериозен чекор напред и да ги следи меѓународните стандарди за урбанистичкото планирање, транспарентното работење и водење сметка за јавниот интерес. За потсетување, програмските насоки за Расадник, зададени во конкурсот, предвидуваат постоење на детска градинка, основно училиште, верски објект, урбан парк од минимум 100.000 м2, спортско-рекреативни содржини, високо образование со ботаничка градина, велат од Општината.Иттаму ги охрабруваат сите заинтересирани да земат свое учество и да понудат архитектонско-урбанистичко решение кое ќе одговара потребите на жителите на Расадник и ќе биде естетско решение за идниот лик на овој дел од Кисела Вода. Наградите се парични. Сите детали се достапни на следниот линк http://www.kiselavoda.gov.mk/index.php/component/content/article/8-soodrzina/3216-2022-02-04-12-00-35 .