logo
logo
logo

Коњановски: Гарантираме РЕВИТАЛИЗАЦИЈА И ИЗГРАДБА НА рекреативен центар ТУМБЕ КАФЕ – СМОЛЕВО

Vecer | 19.10.2021

Коњановски: Гарантираме РЕВИТАЛИЗАЦИЈА И ИЗГРАДБА НА рекреативен центар ТУМБЕ КАФЕ – СМОЛЕВО

Од првиот ден во изборната кампања гарантираме дека заедно, со ваше учество ќе ја направиме Битола поубаво место за живеење! Од првиот ден гарантираме дека Битола ќе биде општина за СИТЕ, за секој граѓанин на Битола, вели кандидатот за градоначалник на Битола, од ВМРО-ДПМНЕ, Тони Коњановски.

- Денес сме овде, на едно од омилените места на битолчани, исто и мое, на „ТУМБЕ КАФЕ“ – СМОЛЕВО. За сите нас ова е култно место каде многумина од нас секојдневно рекреираат. Токму овде гарантираме РЕВИТАЛИЗАЦИЈА И ИЗГРАДБА НА РЕКРЕАТИВЕН ЦЕНТАР „ТУМБЕ КАФЕ“ – СМОЛЕВО.  Станува збор за комплетна рекреативна, забавна и културна зона за битолчани. Овој проект вклучува: трим-патеки, осветлување, клупи и комплетни сервисни содржини за граѓаните, потенцира Коњановски.

Тој додава дека проектот предвидува и поврзување на Тумбе – кафе со месноста Смолево со пешачка и велосипедска патека.

- Тумбе – кафе, не е само рекреативен симбол на Битола, Тумбе -кафе сме сите ние, Тумбе – кафе се спомените на битолчани. Со овој проект, добиваме една голема и заокружена целина, која би можела да почне од Широк Сокак, преку Шеталиштето до Градскиот парк, па низ Тумбе – кафе се до Смолево. Гарантираме создавање ИСТИ стандарди за живеење и задоволување на основните потреби на сите луѓе во Битола, истакна тој.

Коњановски нагласи дека за него не постојат поважни и помалку важни граѓани, за него сите СЕ битолчани!

- За сите гарантираме развојни проекти усогласени со природната средина. Гарантираме проекти за заштита на воздухот, водите и почвата во Битола. Гарантираме, Битола ќе биде градот со кој заедно ќе се гордееме!, потенцираше Коњановски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk