logo
logo
logo

Комунална хигиена собра 105 кубни метри кабаст отпад и расчистува голема дива депонија во општина Центар

Vecer | 14.05.2022

Комунална хигиена собра 105 кубни метри кабаст отпад и расчистува голема дива депонија во општина Центар

Пролетната работна акција на Град Скопје со екипите на јавните претпријатија и во координација со Општина Центар, успешно се спроведе на целата територија на оваа општина. Од почетокот на работната акцијата за чистење на општината Центар во специјалните садови, што на пет локации ги постави ЈП Комунална хигиена, досега се одложени околу 105 кубни метри кабаст отпад коишто се подигнати и транспортирани од екипите на претпријатието. Екипите на ЈП Комунална хигиена секојдневно рачно и машински ги метеа и миеја булеварите, улиците, сите автобуски постојки, а извршија и дезинфекција на надземните и на подземните контејнери поставени во оваа општина. Во рамките на акција за генерално чистење на општината Центар, екипите на ЈП Комунална хигиена започнаа да отстрануваат и обемна дива депонија лоцирана под Скопското кале. Теренски екипи на ЈП Паркови и зеленила во општина Центар денеска искастрија шест дрвја врз основа на издадено Решение на улиците Борка Талевски и Питу Гули. Со акцијата на чистење и уредување на јавните зелени површини по должината на булеварите и градските улици во оваа општина беа опфатени улиците: Пролет, Никола Карев, 11ти Октомври, Св.Кирил и Методиј и Васил Ѓоргов, како и булеварите Кочо Рацин, Св.Климент Охридски и Гоце Делчев. Со акцијата се реализираа и интервенции на обликување и кастрење на вкупно 30 дрвја по издадени Решенија од Секторот за Комунални работи на Град Скопје. Во пролетната работна акција во општина Центар екипите на ЈП Улици и патишта санираа ударни дупки на улицата Даме Груев, булеварот Гоце Делчев, улица Френклин Рузвелт и улицата Даме Груев, со вкупна површина од 110 квадратни метри и ја санираа и нивелираа канализационата шахта која беше со големо оштетување на улицата Димитрие Чуповски. Одговорните екипи за одржување на хоризонталната сигнализација на градските сообраќајници во централното градско подрачје ги обележаа такси станиците на улицата Димитрие Чуповски кај Триумфалната порта, на излезот од ГТЦ, на улица Аминта Трети, на улица 11ти Март и на булеварите Крсте Петков Мисирков и Мајка Тереза, со вкупен капацитет на 43 возила. Екипите што ја одржуваат светлосната сигнализација на крстосниците во градот монтираа вкупно 36 уреди за звучна сигнализација за лица со нарушен вид (звучни сигнали на семафорите) на крстосниците булевар Мајка Тереза со улица Јордан Мијалков, улица Димитрие Чуповски со улица 11ти Октомври, бул.Партизански одреди пешачки премин „Сити Мол“, бул.Илинден кај Матична служба и на ул. Димитрие Чуповски пешачки премин „Рекорд“ и булевар Кочо Рацин со улица 11ти Октомври. Екипите ги санираа и недостатоците на семафорите и тоа на крстосниците на ул.11ти Октовмри со бул.Климент Охридски, бул.Гоце Делчев со ул.Стив Наумов, бул. Крсте Петков Мисирков со бул.Гоце Делчев, крстосницата на Кочо Рацин со Кеј 13ти Ноември и на крстосница булевар Мајка Тереза со улица Јордан Мијалков. На семафорите се заменети оштетените сенила и монтирани нови сенила за црвени и зелени пешачка лантерни. Екипите на ЈП Водовод и канализација во текот на работните активности во оваа општина на улицата Јордан Мијалков изврија контрола на 24 шахти, рачно се исчистени 20 шахти, 24 сливници, миење на канализациона линија од 310 метри со цистерна со вакуум 3 и прочистување на 320 метри со цистерна под притисок. На булеварот Илинден извршија контрола на 7 шахти, рачно се исчистени 7 шахти, 23 сливници, миење на канализациона линија од 440 метри со цистерна со вакуум и прочистување на 160 метри со цистерна под притисок. Екипите на претпријатието во општина Центар за време на акцијата на терен вршеа рачно чистење на сливници, на шахти (атмосферски и фекални) и миење со цистерна со вакуум и цистерна под притисок на атмосферските и на фекалните сливници и шахти. Тимовите на ЈП Лајка во рамките на акцијата постапуваа на четири клучни локации во општина Центар, односно кај ГТЦ, на улица Македонија, Плоштад Македонија и околу градскиот стадион Тоше Проевски и заловија 6 кучиња. Јавното претпријатие Дрисла во рамките на пролетната акција го примаше,складираше и го депонираше комуналниот отпад, градежниот шут и другите видови отпад што беа собрани на територијата на општина Центар. Град Скопје заедно со јавните претпријатија и во координација со Општина Центар пролетната акција ја спроведуваше од 9 до 13 мај на територијата на целата општина. Следната општина во која ќе се спроведува ваква акција е Ѓорче Петров.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk