logo
logo
logo

„КОМШИЈА“ НЕ Е НАВРЕДА: Ивица Коневски изгуби на суд од Стоилковски

Vecer | 08.03.2021

„КОМШИЈА“ НЕ Е НАВРЕДА: Ивица Коневски изгуби на суд од Стоилковски

Именувањето со „Комшија“ на Ивица Коневски не е навреда, одлучи Граѓанскиот суд, објави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

Поранешниот градоначалник на општина Аеродром од ВМРО-ДПМНЕ Ивица Коневски на 7 август 2020 година поднесе тужба за клевета против портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски. Коневски е навреден од статуси на социјалните мрежи. Коневски тогаш објави на Фејсбук дека поднел тужба за клевета против, како што пишува портпаролот на Христијан Мицкоски, „финансиран од партијата да шири лаги во интерес на својот шеф“ и беше сигурен дека за кратко време Стоилковски ќе му се извини за искажаните лаги. 

Стоилковски пишуваше дека во зградата кај Мајчин дом во Аеродром, Коневски има стан и деловен простор над 350м2 и затоа не ја критикува актуелната власт.

Постапувајќи по тужбата на адвокатот Коневски судот одлучил дека именувањето „Комшија“ не се смета за навреда, а за тоа Стоилковски приложува доказ – имотен лист.

Зошто бе комшија не кажуваш дека го изгуби процесот против мене за навреда и клевета? Ајде биди доблесен барем еднаш и онака како што ја најави тужбата на долго и широко, сега да ми се извиниш што ме тегнеше по судови и што ме навредуваше и омаловажуваше дека клеветам и лажам, да ми се извиниш што не вознемируваше мене и семејството. И пофали се комшија, ти успеала акцијата, си извадил Имотен лист за дуќанот кај Мајчин дом. И тоа сега, пред месец дена, мислејќи дека си заташкал трагите? А може и да се гледа како успех за адвокат со три години искуство, кој што ни сам не препознава на суд што е навреда, а што клевета, нели? Патем, Комшија, ќе гугнеш ли нешто за Заев, критика ли, фалба ли, види тој како ве фали, нов спонзор ли ви е во Мериот, се согласувате со сите ставови? Љубов ли е, интерес ли е? Или пак ли ќе се жалиш дека сум пишал дека три години збор за Заев не си пишал? Патем, јас нема да застанам да зборам и покрај заканите “продолжи да збориш, ќе видиш ти”.

“Гугни бе, ќе ми снема лента”, пишува Стоилковски во обраќањето до Коневски.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk