logo
logo
logo

Компанијата „Евротим“ од Кичево доби забрана за работа поради мазутот

Vecer | 11.06.2021

Компанијата „Евротим“ од Кичево доби забрана за работа поради мазутот

Државниот пазарен инспекторат изрече забрана за работа на компанијата „Евротим“ од Кичево поради отстапки во кавлитетот на мазут, при дополнителнителните анализи.

„Државниот пазарен инспекторат ги доби резултатите од земените дополнителни мостри од скалдот за мазут во Ресен во сопственост на компанијата „Евротим ГДС ДООЕЛ Кичево“. Според анализите, констатирано е дека параметрите вода и седименти и содржина на пепел, се повисоки од граничните вредности пропишани со стандардот МКС Б.Х2.430. Поради констатираните отстапувања на квалитетот на производот, од страна на ДПИ е донесено решение за забрана за промет на производот мазут кој е затекнат во складот на економскиот оператор ‘ЕВРОТИМ ДООЕЛ Кичево’“, соопштија од Владата.

ДПИ уште при првичните контроли на компанијата „Евротим ДООЕЛ Кичево “ и изрече Решение за времена забрана за пуштање во промет на мазут, затоа што тогаш кај две цистерни на компанијата, беа утврдени отстапки од граничните вредности на мазутот, што оваа компанија го увезува. Тоа значи дека параметрите за квалитет на мазут не одговарале согласно Правилникот за кавлитет на течни горива. По задолжение од ДПИ, тогаш двете цистерни од кои се земаа мострите, беа вратени кај добавувачот, по што следуваа последните дополнителните анализи.

Од Владата додаваат дека целата документација, со сите наоди од надлежните институции, веќе се доставени во Основното јавно обвинителство Скопје, за понатамошно процесурирање и постапување согласно нивните надлежности.

 

makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk