logo
logo
logo

Комитова: Има индиции ЗА ИСТЕКУВАЊЕ НА ГОРИВО И ЧАД НА 300 МЕТРИ ОД НЕСРЕЌАТА

Vecer | 01.12.2021

Комитова: Има индиции ЗА ИСТЕКУВАЊЕ НА ГОРИВО И ЧАД НА 300 МЕТРИ ОД НЕСРЕЌАТА

Виолета Комитова, министерката за регионален развој и јавни работи на Бугарија вели дека има идикација дека на 300 метри пред местото на катастрофата имало истекување на горивото и чад.

Оваа таа го изјави во интервју за бугарската Нова телевизија говорејќи за автобуската несреќа кај Струма во која загинаа 45 македонски државјани.

Но, Комитова не појасни од каде доаѓа индикацијата, туку само воопштено додад дека не е задоволна од инфраструктурата.

Според неа, местото каде се наоѓа клучката за излез од патот кон с.Боснек, каде на 23 ноември се случи трагедијата со македонскиот автобус во кој загинаа 45 патници, не е автопат или брз пат, туку обичен меѓуградски пат. За тоа таа не знаела и се до кобниот ден мислела дека тоа е автопатот „Струма“.

Комитова се обиде да објасни дека целиот фокус не треба да се насочува кон инфраструктурата и додаде дека има индикација дека на 300 метри пред катастрофата имало истекување на гориво и чад.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk