logo
logo
logo

Комисијата за заразни болести со контрола во зградата на Парламентот, пред првата седница во старата сала

Vecer | 31.05.2021

Комисијата за заразни болести со контрола во зградата на Парламентот, пред првата седница во старата сала


Членови на Комисијата за заразни болести, меѓу кои и претседателoт на ова тело, Жарко Караџовски, денеска ја посетија зградата на Собранието, каде што имаа средба со претседателот на парламентот, Талат Џафери, кој најави дека од јуни седниците ќе почнат да се одржуваат во старата пленарна сала, која, поради ситуацијата со Ковид-19, не е во функција од август минатата година.

„Денеска имав средба со претседателот и претставниците на Комисијата за заразни болести коишто извршија контрола на салите и помошните простории, за да се констатира дали се исполнети сите услови Собранието да почне да ги одржува пленарните седници во салата Македонија, со почитување на мерките за заштита од Ковид – 19, согласно новите препораки на Владата, откако службата, пратениците, обезбедувањето и другите секојдневно присутни во Собранието го завршија процесот на имунизација“, се наведува во објавата на Џафери на социјалните мрежи.

Минатата недела, претседателот на парламентот објави дека планот е првата нова седница во старата сала да се одржи на 8 јуни.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk