logo
logo
logo

Комисија за верски заедници: Црквата „Блага вест“ е регистриран верски субјект, Кајшаров да внимава да не се создава сензационализам

Vecer | 23.09.2022

Комисија за верски заедници: Црквата „Блага вест“ е регистриран верски субјект, Кајшаров да внимава да не се создава сензационализам

Откако се појавија видеата со ритуалите кои ги практицира популарниот исцелител Константин Кајшаров, пастор на Христијанската црква „Блага вест“ и разни коментари и осуда на сеансите со кои тој со молитви „ослободува демони“  од неговите следбеници и приврзаници реагираше и Комисијата за верски заедници која напоменува дека слободата на вероисповед и манифестации на својата вера е неприкосновено право на секој граѓанин.

Комисијата за односи со верските заедници и предочува на јавноста дека во демократски уставно-правен систем каков што е и тежнее да биде македонскиот, слободата на вероисповед и манифестации на својата вера е неприкосновено право на секој граѓанин, исто како што е неприкосновена и гарантирана полната слобода секој граѓанин да одлучи дали ќе биде дел од одредени манифестации на вера, ритуали и обреди.

-Доколку било кој граѓанин бил доведен во заблуда, измамен или принуден против својата волја има право на судска заштита на своите права. Граѓанин кој има сознание пак дека некое лице извршило кривично дело или друг деликт е повикан истото да го пријави. Секој човек има обврска и можност да размисли, но и право по сопствена совест да одлучи кому и дали ќе положи верба, наведуваат од Комисијата.

Комисијата ја известува јавноста дека во непосреден контакт со правното лице Доброволна заедница на физички лица христијанска црква „Блага вест“ регистриран верски субјкет во Единствениот судски регистар под број РСВЗРГ-1/16, утврди дека лицето Константин Кајшаров кој самостојно ја информира јавноста за неговите активности кои ги дефинира како исцелување, ослободување од демони, проклетства и маѓии и за кои споделува видео прикази е одговорно лице, претседател и верско лице на  Доброволната заедница на физички лица христијанска црква „Блага вест“ и како таков ги презема своите активности.

-Комисијата стои цврсто на ставот дека предрасудите не се мерило за пропустите против законот, а сериозно разгледувајќи го делувањето на субјектот укажува на Христијанската црква „Блага вест“ и до нејзиното одговорно лице Константин Кајшаров особено да внимава во односите со јавноста да не се создава сензационализам од манифестациите на верата и со зголемено внимание да се почитува интегритетот и достоинството на луѓето кои одлучиле да бидат дел од неговите обреди и ритуали, како и при делувањето, најавата на активности и нивната реализација да стави јасно до знаење на луѓето дека истите ги организира Христијанската црква „Блага вест“, со цел намалување на можностите луѓето да направат превид и да западнат во заблуда, нагласуваат од таму.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk