За него Али Ахмети и Тачи беа предавници...

Командат Хоџа, која е цената на твојата функција

Џезари Шакири, тн командант Хоџа од остар критичар на Заев и Али Ахмети стана нивни функционер. Која беше цената за оваа трансформација

Познато е дека Али Ахмети последните 3-4 години има големи проблеми со поранешните команданти на УЧК. Се случуваа физички пресметки, па и убиства од страна на групите блиски до поранешните команданти на УЧК кон луѓето денес блиски до Али Ахмети, а останува во сеќавање и обезбедувањето од над 200 полицајци на митингот на ДУИ во Куманово на последните парламентарни избори бидејќи е констатирана сериозна опасност од вооружен напад врз лидерот ан ДУИ и негови соработници.

Причина за ваквите поделби и конфликти меѓу лидерите на УЧК се - парите. Екс команаднтите не се задоволуваа со споменици и пофалби на нивна сметка, туку бараа тендери и контрола врз шверцот со Косово и Албанија, што од друга страна не беше прифатливо за луѓе од раководството на ДУИ кои имаа приходи од тоа и немаа наамера да се откажат од парите. Преку порталите можеше повремено да се дознае за какви големи профити се рабори: петте станови на Теута Арфи, милионите заработени од шефовите во општина Чаир, бензинските бизниси на Муса Џафери, милионите заработени од корупција на Фатмир Бесими... петте милиони долари за Али Ахмети за да не се дозволи конкуренција на Телеком... листата е долга.

Сегашниот владин функционер Џезаир Шакири, командант Хоџа, даваше и јавни изјави дека Али Ахмети и Мендух Тачи ги продале албанските интереси и станале слуги за пари на Македонците. Сега, тој е дел од владиниот тим на Али Ахмети - која е цената да го смени ставот и мислењето и да стане дел од коруптивната елита. Причините секако се милионски.

Вработувањеот на Џезаир Шаќири, познат како Командант Хоџа во Владата на Република Македонија, за што надлежните ветија официјална потврда в понеделник, најавува голем скандал.

Од друга страна, поддржувачите на евентуално ваквата владина одлука, го поздравуваат чекорот на премиерот Зоран Заев.

Хади Османи од СДСМ, на фејсбук го честиташе вработувањето на Команднт Хоџа на „новата функција во владата"

После многу жртвување за време на конфликтот во 2001


година и после многуте предизвици со кои се соочи после конфликтот, за Џезаир Шаќири стигна правдата и заслужената награда. Командант Хоџа сега е командант на владата, слуга на народот и на граѓаните на Македонија. Мојот почитуван пријател на крај ја победи и последната битка против диктатурата на Никола Груевски, и благодарение на двајцата мои пријатели Зоран Заев и Џеват Исени, ја доби и заслужената награда и задача. Со оваа влада раководат луѓето кои заслужуваат и знаат да ги ценат оние кои заслужуваат, напиша тој.

Поврзани

Најнови вести

Коментари