logo
logo
logo

Пријавени над 256 илјади граѓани: Колку Македонци се вакцинирани со една, а колку со две дози?

Vecer | 07.05.2021

Пријавени над 256 илјади граѓани: Колку Македонци се вакцинирани со една, а колку со две дози?

Повеќе од 12 илјади граѓани се вакцинирале против ковид-19 во текот на вчерашниот ден, со што вкупниот број на вакцинирани во земјава надмина 104 илјади граѓани.

Од Министерството за здравство информираат дека од вкупниот број вакцинирани, 84 илјади примиле само прва доза, додека 20 илјади граѓани имаат две дози од вакцината против ковид-19.

„Со последните бројки 28% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина.Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура. Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортсите сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола и Охрид“. се наведува во дневниот извештај на МЗ.

Од министерството известуваат дека интересот за вакцинација се зголемува и официјалната страница се пријавени над 256 илјади граѓани.

Вчера се вакцинираше и премиерот Зоран Заев, а за денеска е најавено дека и министерот за здравство Венко Филипче ќе прими прва доза од вакцината во вакциналниот пункт С.Ц. „Борис Трајковски“.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk