logo
logo
logo

Колку лица се лекуват во ковид-центрите низ државава?

Vecer | 09.04.2021

Колку лица се лекуват во ковид-центрите низ државава?

Во ковид-центрите низ државата денеска има 1.699 пациенти, хоспитализирани поради компликации од коронавирусот, а од нив 686 се во болниците во Скопје, додека 1.013 во другите градови. Според Министерството за здравство, утрово имало околу 300 слободни болнички кревети, од кои 74 биле во Скопје.

Во изминатите 24 часа во скопските ковид-центри се примени 67 нови пациенти, а од нив 39 приеми биле на Интерните и хируршки клиники, 8 во ГОБ 8 Септември, 12 на Инфективната клиника, 4 во Козле, двајца пациенти се примени на Клиниката за детски болести и двајца во Институтот за физикална медицина. Дома се пуштени 44 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 315 пациенти, во ГОБ 8 Септември има вкупно 140 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 152 пациенти, во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 32 пациенти, на Клиниката за детски болести има 9 деца позитивни на ковид-19 вирусот, на ГАК има 9 позитивни пациентки, а во Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 38 болни.

Од болниците низ државата, најмногу ковид-пациенти има во Прилеп-132 и во Битола-124. Во болницата во Штип се хоспитализирани 90 пациенти, на инфективното одделение во Тетово има 43 пациенти, во Велес 101, а во Куманово 100 пациенти. Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 110 пациенти, во Струга 22, во Струмица 99 пациенти, во Кочани 26, во Кичево 40, во Кавадарци 67, а во Гевгелија 22 лица позитивни и суспектни на корона вирусот.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk