Колариќ: Шилегов да одговори до каде е изградбата на Универзалната сала

Градоначалникот Петре Шилегов денеска на седницата за советнички прашања треба да одговори на неколку крупни прашања кои ги интересираат Скопјани, рече Светлана Колариќ, советник во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“.

„Зошто и понатаму Скопје останува најзагадениот град во Светот. Велеа дека имаат стратегија, а во реалноста ниту стратегија има, ниту пак мерки од кој полза ќе имаат граѓаните. Зошто наместо пари за нови клупи, рекреативни содржини, поважно за градоначалникот е мерење и спроведување на рејтинг анализи од речиси еден милион денари. Дали овие анализи ќе ги прави компанија блиска до СДСМ?“, праша Колариќ.

Таа вели дека Шилегов треба да одговори и до каде е изградбата на Универзалната сала. „Нема ништо ниту од проектот овошје за секое дете во училиштата. Нема ниту еден проект за решавање на сообраќајниот хаос во градот Скопје. Предвидува дислоцирање на Галиите, зафат во износ од 5 милиони евра, пари што наместо за рушење треба да се насочат за изградба на училишта, улици, паркови“, рече Колариќ.

Исто така, рече таа, и гасификацијата на Скопје е закочена. „Зошто наместо проекти, главна цел се како да се вдомат партиските кадри. За 100 дена Шилегов ги партизира јавните претпријатија и културните институции со 138 партиски војници во управни и надзорни одбори вклучувајќи го и целиот негов кабинет. Колку месечно пари се одлеваат за оваа намена. Сето ова и многу повеќе Петре Шилегов го прави еден од најнеуспешните градоначалници на градот Скопје“, рече Колариќ.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари