logo
logo
logo

Колку заработија КАМ, Тинекс, Веро... во кризава? МНОГУ!

Vecer | 23.05.2022

Колку заработија КАМ, Тинекс, Веро... во кризава? МНОГУ!

КАМ продолжува да биде суверен според остварениот приход од продажба, а Веро и лани држи лекции за профит како резултат од продажба. Овие две позиции се константа. Кипер е најбрзорастечка трговски ланец, а Стокомак му „дише во врат“. Тинекс ја држи позицијата над 100 милиони евра приход, а Рамстор Македонија има фантастичен раст на добивката, каде се Кит Го и Жито?

Над 710 милиони евра се приходите од продажба на најголемите осум ланци супермаркети во Македонија во 2021 година. Нивната продажба лани во споредба со 2020 година е зголемена за 4 отсто односно за 28 милиони евра. Суверен на врвот по приходи од продажба останува КАМ, најпрофитабилен и понатаму е Веропулос, а најголем прогрес во оваа остра конкуренција има Кипер Маркет кој успеа да ги зголеми приходите за 37 отсто пред најголемиот конкурент Стокомак кој книжи раст од 20 отсто, покажуваат официјалните податоци на Централниот регистар.

На листата на најголеми малопродажни ланци минатата година нема промени во структурата на компаниите, но има во рангирањето, објави порталот Фактор . Од достапните податоци е очигледно дека најголемите малопродажни компании т.е. ланци супермаркети го зголемуваат учеството во вкупната малопродажба на стоки за широка потрошувачка на национално ниво. Иако нема официјални податоци, неофицијалните параметри укажуваат дека големите ланци маркети продолжуваат да го зголемуваат своето учество во вкупната продажба на малосметка на помалите ланци маркети и локалните продавници.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk