logo
logo
logo

Кој тргна да го ПРЕЗЕМА РЕПЛЕК и со арно, и со лошо?

Vecer | 17.04.2021

Кој тргна да го ПРЕЗЕМА РЕПЛЕК и со арно, и со лошо?

Дали производителите на марихуана во земјава тргнаа да го купуваат Реплек, една од ретките компании во државава која има лиценца за преработка на марихуана во медицински цели.

Намерите за преземање на Реплек се од одамна. Прво со понуда до главните акционери и менаџерите, пред се од семејството Туџаров, а откако намерата не поминала после тоа и со притисоци по кои менаџерскиот тим на Реплек пред смена.

„Македонска берза“ објави дека се организира јавна берзанска аукција за голем пакет на акции од страна на фармацевтската компанија „Реплек“. Станува збор за понуда на акции во вредност од 135.000 денари по акција кои се 6,88 отсто од вредноста на компанијата, а ќе се продаваат по моделот „се или ништо“. Вкупната вредност е 240 милиони денари, или околу 4 милиони евра.

Инаку во акционерската битка Иван Туџаров генерален директор на Реплек и Даница Зимбакова вчера како акционери кои имаат над пет отсто сопственост во друштвото доставија до берза информација со предлог нови членови на Надзорниот одбор на компанијата.

Туџаров преку соопштение од Реплек веќе тврдеше дека не е точно оти е отповикан Надзорниот одбор откако на седницата на редовното Годишно собрание на 8 април годинава мнозинството акционери не ја усвоија информацијата за работата на одборот.

Инаку во Реплек, Иван Туџаров поседува 11,2 отсто обични акции. Друштво за трговија и услуги Ситко Антоинио Доел има 6,1 отсто, Сава Пензиски фонд има 6,4 проценти. Владимир Пецоски поседува 5,79 од акциите, Душан Пецоски 11, 92 проценти, а Славица Туџарова 11,57 отсто.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk