logo
logo
logo

КОЈ СЕ ИГРА КОРУПЦИЈА? Катната гаража може на суд, “бетонизацијата“ не може

Vecer | 23.04.2021

КОЈ СЕ ИГРА КОРУПЦИЈА? Катната гаража може на суд, “бетонизацијата“ не може

Јавноста, особено во Скопје, е убедливо против бетонизацијата на центарот на градот со најавената изгадба на три бетонски кули од по 80 метри карши хотелот Холидеј Ин.

Против грдабата се еколозите, асоцијата на архитекти која повикува и на јавен интерес, правниците но, градоначалникот Шилегов и премиерот Заев сметаат дека треба да се гради иако постои спор и незаконитост на начинот и постапката при донесување на плановите и нивното спроведување, се мисли на ГУП и ДУП. Се плашеле да не загубат потоа на суд.

Но, истиот состав, предводен од градоначалникот Петре Шилегов, не се плашеше од судска завршница кога беше во прашање раскинувањето на готов договор за изгртадба на катна гаража карши Автомакедонија. Тоа е мал проект за сите прозвани во него да најдат интерес, за разлика од мегаломанската бетонизацијата на Скопје карши Холидеј Ин.

На 5.7.2021-ва година во просториите на Основниот граѓански суд Скопје ќе се одржи подготвително рочиште за раскинување на договор поврзан со купопродажба на државно градежно земјиште со јавно наддавање.

Договорот кој ќе биде предмет на раскинувањето се однесува на просторот кај паркингот до „АвтоМакедонија“, во Градскиот Ѕид.

Земјиштето било оттуѓено примарно од страна на Министерството за транспорт и врски во 2012-та година, за што бил склучен и Договор помеѓу Министерството и НИКОФОН Дооел.

Со Одлука на Владата на Република Македонија од декември 2018-та година, овој договор беше предаден на надлежност на Општина Центар-Скопје.

Одговарајќи на прашањата во вчерашното гостување на Само Вистина на Канал 5, но и на гостувањето на Топ Тема на ТВ Телма, градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, информираше дека самиот сопственик на земјиштето поднел барање за раскин на договорот и дека предметот во моментов се наоѓа во суд.

Од причини што реализацијата на договорот со тек на време стана неизвесна и невозможна, преземени се чекори за раскинување на договорот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk