logo
logo
logo

КОЈ ЌЕ ГО ЈАДЕ ПУТЕРОТ во затворот Идризово

Vecer | 02.12.2022

КОЈ ЌЕ ГО ЈАДЕ ПУТЕРОТ во затворот Идризово

Во одговорот што го добивме од управата на КПУ-КДП Идризово нема децидно објаснување зошто се зголемува за 50 отсто набавената количина на путер во новиот тендер за потребите на храна на затворениците. Да потсетиме дека новиот тендер издвојува 28.000 евра за 1,5 тони путер, а претходниот тендер 1 тон путер за 13.000 евра.

Објаснувањето од затворот е цитираме „Во однос на зголемената вредност за набавката на путер во последната јавна набавка, таа е резултат на зголеменото количество кое се набавува, но и на зголемената цена на овој производ на пазарот

Затворот „Идризово“ набави 1,5 тони путер на новиот годишен тендер склучен во ноември. Тоа е 50 отсто поголема количина на набавен путер во споредба со последниот тендер на кој затворот набави еден тон германски несолен путер со 80 отсто масленост. Ниту управата на најголемиот затвор во земјава ниту Управата за извршување санкции не дадоа конкретен одговор на прашањето зошто потребите на путер се зголемени за 50 отсто.

Имено, на најновата набавка на путер ставка 25 во трет дел - зачини и кондиторски производи се набавауваат 1,5 тони путер во пакувања од по 20 грама (несолен , 80% масти). А на претходниот тендер што го добил истиот економски оператор се набавени 50.000 парчиња во пакување од 20 грама од истиот артикал. На новиот тендер вредноста е 28.000 евра без ДДВ , а на претходниот тендер 13.000 евра без ДДВ.

Што се однесува до категоризацијата на путерот, истата нема никаков ефект врз крајната вредност за јавната набавка на храна, бидејќи ниту една од компаниите учеснички во постапката не реагираше во текот на претходната постапка со барање да се промени категоризацијата, велат од затворот Идризово.

Нагласуваме дека установите за извршување на санкциите, каква што е и КПУ-КПД Идризово подлежат на контроли и забелешки од европски и други институции за заштита на човековите права кои најмногу реагираат на условите за сместување и на квалитетот на храната во затворските установи. Од тие причини, КПУ-КПД Идризово во континуитет работи на подобрување на квалитетот на храната за осудените лица.

Истакнуваме дека како јавна набавка со вкупна вредност од над 500.000 евра, постапката за набавка на храна за КПУ-КПД Идризово и отвореното одделение во Велес подлежи на задолжителна контрола од Бирото за јавни набавки кое по извршената проверка ја одобри и потврди дека набавката била спроведена законски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk