logo
logo
logo

КОЈ ИМА НАЈГОЛЕМ КОЛЕКТИВЕН ИМУНИТЕТ ВО ЕВРОПА? На чело Британија, еве кај сме ние

Vecer | 21.05.2021

КОЈ ИМА НАЈГОЛЕМ КОЛЕКТИВЕН ИМУНИТЕТ ВО ЕВРОПА? На чело Британија, еве кај сме ние

Судејќи според прогнозите на многу стручњаци кои оптимистично велат дека Европа колективен имунитет на корона вирусот ќе достигне до крајот на јули, трката влегува во финиш. Откако го реши проблемот со снабдување, најголема препрека во процесот на имунизација на жителите, ЕУ ја забрзува кампањата за вакцинација и веќе ја стигнува или престигнува Велика Британија и останатите земји од стариот континет кои водат во трката.

Вкупен број дози

Во поглед на вкупниот број дадени вакцини, заклучно со четвртокот, Велика Британија која со имунизација почнала речиси три недели пред ЕУ, убедливо води. Во оваа земја дадени се вкупно 57.855.968 дози вакцина.

На второ место е Германија со 41.517.849 дози, на трето Франција со 30.264.699 дози. Понатаму одат Италија, Турција, Шпанија, Полска, Унгарија, Холандија. На 17. место е Србија со 4.184.634 вакцинирања. На дното на листата се Исланд, Северна Македонија, Црна Гора и БиХ.

Колкав процент од населението е потполно вакциниран?

Додека претходната статистика покажува со која брзина земјата е способна да спроведува вакцинација, процентот на потполно вакцинирано население повеќе зборува за стратегијата за вакцинација. За потполна вакцинација најчесто се потребни две вакцини. Некои земји го одложија давањето на втората доза за што поголем број луѓе да ја примат првата и така макар делумно да бидат заштитени.

Тоа значи дека некои земји моментално би можеле да бидат на дното од оваа листа, но тоа не значи дека имаат проблем со недостаток на вакцини или спроведување на вакцинацијата. Овде на прво место е Малта, со 33,9 % ревакцинирано возрасно население. Следуваат Велика Британија со 31,9 % и Унгарија со 28,6 %. На дното се Хрватска, Летонија, Русија и Бугарија со помалку од 10 % ревакцинирани.

Кој најбрзо напредува по глава на жители?

Велика Британија дала најмногу вакцини вкупно, но исто така, е во предност во поглед на вакцинацијата по глава жители. Поточно на 100 000 Британци дадени се 88.488 вакцини.

Србија и Унгарија се исто така силни во овој поглед. Во Србија на 100 000 жители се дадени 57,959 вакцини, а во Унгарија 77.762.

Дали богатите земји победуваат во трката?

Постојат тврдења дека вакцинацијата против корона вирусот довела до некои видови „вакцини на апартхејдот“ во многу делови од светот. Во почетоко на февруари, СЗО соопшти дека девет од десет вакцинации против корона вирусот се спроведени во побогатите земји.

За да се види што се случува во Европна, „Еуроњуз“ го споредил БДП на земјите по пројот на вакцини на 100 000 жители.  

Неколку релативно сиромашни земји - според стандардите на ЕУ - почнале со вакцинација подоцна и опфатиле помалку луѓе. Списокот вклучува држави како Украина, Молдавија, Албанија, Црна Гора и Белорусија.

Србија и Луксембург се исклучок на картата. Србија, во поглед на богатството на земјата, вакцинирала повеќе од просекот, додека со Луксембург ситуацијата е обратна - како најбогата земја има потпросечна стапка на инокулација.

Дали теренот бил рамен?

На една работа треба да се посвети внимание кај ваквото споредување на податоци - сите земји не почнале во исто време со вакцинација.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk