logo
logo
logo

Кој град е РЕКОРЕДЕР ПО СВАДБИ И ВЕНЧАВКИ во Македонија

Vecer | 24.07.2021

Кој град е РЕКОРЕДЕР ПО СВАДБИ И ВЕНЧАВКИ во Македонија

Главниот град и неколку општини во внатрешноста на Македонија предничат по бројот на склучени бракови.

Од почетокот на оваа година, најмногу бракови се склучени во Скопје, Куманово, Неготино, Охрид,Тетово, потврдуваат од Управата за водење на матични книги.

„За првите 6 месеци од 2021 година склучени се вкупно  3.675 брака,но тука не се пресметани од Подрачна единица Скопје, поради технички причини“, велат од УВМК.

Двојките се регистрираат, но дел од нив свадбите ги одложуваат за некои подобри времиња. Признаваат дека пандемијата влијаела на нивните финансии, и на нивната одлука дали да организираат свадба или не.

„Се регистрирав оваа година, но свадбата е одложена за идната година. Некои одложуваат поради пандемијата, а некои поради финансиски причини. Ние одложивме поради моменталната финансиска состојба. Но, можно е и идната година да не биде тоа класична свадба, и да се одлучиме за патување од 10 дена“, вели млада кумановка која неодамна стапи во брак.

Свадбите во затворен простор веќе се дозволени. Угостителите велат дека свадби има, но тоа не е на нивото кое го имале пред пандемијата.

„За да се спреми свадби, потребни се 3-4 месеци, а ние доцна го добивме протоколот за работа. Има свадби, но не е онака како што би требало да биде. Плус народот финансиски е погоден oд пандемијата“, вели Насер Хавзија од Здружението кулинарија ХоРеКа.

Владата кон крајот на јуни донесе одлука да се дозволи организирање на свадби и во затворен простор со максимум 250 лица.

Од 1 јуни е дозволено организирање на свадби, прослави, веселби на отворен простор/летни тераси до максимум 100 лица, но не повеќе од 50 проценти од капацитетот на просторот и до максимум шест лица на маса со обезбедување на препорачаната дистанца помеѓу лицата.

Лани во година на пандемија имаше намалување на бројот на склучени брачни заедници. Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на склучените бракови во 2020 година, во споредба со претходната година, е намален за 25.6 oтсто. Статистички, најголем број бракови се склучени во август.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk