logo
logo
logo

Кој е првиот Македонец кој доби Ковид-пасош?

Vecer | 27.02.2021

Кој е првиот Македонец кој доби Ковид-пасош?

Канал 5 ја пренесува приказната за македонецот Јовица Анѓелковиќ кој деновиве ја примил и втората доза од руската вакцина.

Впрочем, Јовица се вакцинирал во здравствениот дом во Ниш. Тој иако го прележал вирусот, се решил на имунизација пред се поради хроничните болести со дијабетесот. И во време на заразата и по оздравувањето тој имал сериозни нарушувања по здравјето.

Тој добил потврда дека е вакциниран и на самата потврда има код кој препознава дека тој е вакциниран со двете дози, пренесува Канал 5.

Докторите во Србија му објасниле дека во наредните три недели ќе создаде целосен имунитет што треба да го штити најмалку една година од вирусот.

Министерот за здравство Венко Филипче денеска на отворањето на модуларната болница во Гостивар каде ќе има 35 болнички кревети и медицинска опрема за болните од ковид рече дека во следните неколку денови ќе може точно да каже кога ќе пристигнат двете количини вакцини против Ковид – 19 и кинеските и руските.

„Не би сакал сега да шпекулирам, сакам да бидам прецизен тогаш кога точно ќе знаеме кога ќе пристигнат. Еве се пролонгираше малку периодот. Очекувам навистина сите овие разговори да завршат за што пократко време. Секојдневно има нови прашања од компаниите, тоа важи за сите компании. Од Фајзер за којшто го очекуваме драфт договорот. Со руската компанија интензивно разговараме сега овие денови после потпишувањето на договорот и секако со кинеската“, изјави министерот Филипче.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk