Кој беше Љубиша Георгиевски - Детали за неговата богата кариера

Љубиша Георгиевски роден на 30 мај 1937, Битола почина утрово на 81 година. Јавноста го познаваше како театарски и филмски режисер, драмски писател и есеист, теоретичар на театарот и професор по театарска режија и актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје.

Георгиевски во 1974 година дипломирал на Академијата за театар, филм, радио и телевизија, група „Театар и радио режија".

Како театарски режисер, има поставено преку 160 постановки во Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија, Бугарија, Романија, Полска и други држави, како и четири постановки во САД, каде на универзитетите во Јужна Калифорнија и Тексас предавал теорија на театарот и актерска игра. Неговите претстави се играат на повеќе од десет јазици и истите гостувале ширум Европа, од кои позначајни гостувања се во Москва и Виена.

Досега има објавено десеттина книги, а ако филмски режисер има режирано четири филма.

Георгиевски дел од својата професионална кариера ја помина во политичките води. Тој во 1994 година беше кандидат за претседател на Република Македонија, од 2000 до 2004 година беше амбасадор во Република Бугарија, а својата политичка кариера ја заврши како претседател на Собранието на Република Македонија во периодот од 2006 до 2008 година.

Љубиша Георгиевски беше добитник на повеќе од дваесетина награди во рамките на поранешна Југославија, како и наградата од критиката за претставата „Искушение" од Вацлав Хавел во Theater Center како најдобра претстава на театарската сезона. Неговите пиеси „Црна" и „Јованка Орлеанска" се играни со успех, а некои од нив сè уште се на репертоарот.

Исто така Герогиевски беше добитник на наградата на градот Битола - „4 Ноември".

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари