logo
logo
logo

КОИ СЕ ТАЈНИТЕ ХОНОРАРЦИ ВО ВЛАДА ќе дознаеме во понеделник

Vecer | 10.04.2021

КОИ СЕ ТАЈНИТЕ ХОНОРАРЦИ ВО ВЛАДА ќе дознаеме во понеделник

Владиниот портпарол, Душко Арсовски смета дека не треба да се објавуваат имињата на тајните хонорарци, но соопшти дека тие ќе бидат објавени во понеделник.

Тој за „360 степени“ изјави дека не го заслужуваат тоа, затоа што им се дадени професионални задачи кои ги извршиле во целост. И сега, со давањето на нивните лични податоци тие се изложуваат во јавноста. Според него, тоа е повреда на приватноста.

Вели дека во решението на Комисијата се уште стои дека не треба да се објавуваат имињата на овие луѓе.

- Владата, правејќи го тој „тест“’ на штетноста увиде дека има голем јавен интерес и штетата кон лицата е помала во однос на значењето на јавниот интерес, затоа што тоа се јавни пари. Инаку прашањата од новинарот во врска со хонорарците пристигнаа кон крајот на март и ова јавноста треба да го знае, така што релативно брзо се заврши целата постапка. Во моментот кога стручните служби првично дале одговор на новинарот, процениле дека и делата за кои се ангажирани не треба да се споделат со јавноста. Затоа и направивме консултации со двете надлежни институции – изјави Арсовски.

Тој најави дека од понеделник, преку Законот за пристап до информации, сите новинари ќе имаат можност да ги добијат овие податоци, но дека  дека хонорарците се граѓаните на Македонија кои не ги штити Законот за работни односи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk