logo
logo
logo

ВМРО-ДПМНЕ

„Кои се директорите на СДСМ, ДУИ и Левица кои управуваат со хаосот на Арсовска“

Vecer | 06.12.2022

„Кои се директорите на СДСМ, ДУИ и Левица кои управуваат со хаосот на Арсовска“

ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста истакнува дека кадрите на СДСМ, ДУИ и Левица управуваат со хаосот продуциран од Данела Арсовска и крими интересите на Ковачевски.

Еве дел од тие кадри:

Директор на ЈП Паркови и зеленило е Зухјер Реџепи од ДУИ.

Директор на ЈСП е Александар Стојковски од СДС.

Директор на ЈП Улици и патишта е Саид Саид од ДУИ.

Директор на Градска библиотека Браќа Миладиновци е Снежана Стојчевска од Левица.

Директор на КИЦ е Антонио Димитров од Левица.

Директор на Музеј на Град Скопје е Панче Велков од Левица.

Заменик директор на Градски паркинзи е Сенада Ибраимова од Левица.

Директор на Градски паркинзи е Крсте Петровски, инаку генерален секретар на ГРОМ, а заменик градоначалник е Александар Трајановски исто така од ГРОМ.

Еве ги лицата кои управуваат со хаосот на Арсовска, потенцираат тие.

Додаваат дека вистинските прашања кои заслужуваат одговор се:

Која е улогата на блискиот сметководител на Данела Арсовска од Ѓорче Петров Драган Митковски Книга?

Дали и во чии приватни џебови завршија провизиите од попустот на договорот со ЈСП за нафта кој го нема, а во сите претходни договори имало.

Дали Драган Митковски Книга е главниот кадровик во градот Скопје и ЈСП?

На кого треба да припадне приватниот превоз во градот Скопје?

Во моментот директорите во град Скопје на СДС, ДУИ и Левица, заедно со Данела Арсовска владеат со хаосот во град Скопје, стои во соопштението.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk